Катарските сопственици на Пари Сен Жермен размислуваат да се повлечат од клубот, објави „Паризиен”.
„Катар Спортс инвестментс”, со седиште во Лондон, има намера да го намали финансирањето на клубот во наредните години, а по светското првенство во 2022 година, кое ќе се одржи во Катар, можно е и целосно да го прекине финансиското учество во клубот.
Причината за промена на намерите на милијардерите од Катар е во постојаните критики на нивна адреса. Сопствениците се незадоволни од потценувањето во Франција, по секој неуспех на ПСЖ во Лигата на шампиони.
Високите даноци во Франција исто така не им одговараат на Катарците, кои од влегувањето во клубот во 2011 година платиле на француските власти 1 милијарда евра.
Според информациите, тие може да го пренасочат финансирањето кон италијанскиот клуб Рома, откако веќе биле водени преговори со претседателот на римскиот клуб – Џејмс Палота
Comments are closed for this post.