Продолжуваат злоупотребите на СДСМ во оваа изборна кампања за избор за претседател, продолжуваат злоупотребите и на функциите и на државните ресурси Стево Пендаровски затоа секако нема ниеден збор, обвини денес на прес-конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека СДСМ ги злоупотребува позициите на државата како министри и како градоначалници кои што се појавуваат на средби со граѓани среде изборна кампања, среде претседателски избори 2019 во насока на поддршка на нивниот кандидат Стево Пендаровски.
„Ова е класична злоупотреба на државните ресурси. На средба со граѓани од улиците 150, 151 и 152 во Куманово, Максим Димитриевски и Оливер Спасовски настапуваат како градоначалник и како министер за внатрешни работи, така се и најавени во име на тие функции настапуваат на средбите со граѓани. На видеото објавено на македонските медиуми, но и на интернет се слуша како Димитриевски и Спасовски ветуваат правење на улицата, асфалтирање на улица 150, како и градинки и останата инфраструктура, атмосферска канализација и дека сега сето тоа ќе го стави во програма за следната година. Среде кампања, Димитриевски ветува асфалтирање за догодина“, рече Стоилковски.
Тој рече дека тоа значи оти ако го избереме Стево, ќе има и финансиска поддршка од Владата за да ги изработи проектите.
„Ако се врати ВМРО на власт, јас ќе дојдам тука и ќе кажам другари извинете јас не можам да ја направам цела улица затоа што немам пари. Ако е СДСМ на власт ќе ми овозможи финансиски средства“, вели Максим Димитриевски, градоначалник од позиција на градоначалник на Куманово среде изборна кампања, барајќи ги гласовите на Кумановчани за поддршка на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Вон правно вели дека ќе имало европски фондови само и само ако дошол Пендаровски. Само „Стево проваѓал“ во ЕУ, вели Максим Димитриевски, а другиот не проваѓал!? Па го најавува министерот за внатрешни работи да каже за проектите на владата, кој пак ветува финансирање на проекти, од улици, водоводи, фекална канализација, ветува пари од државниот буџет, но и европски фондови, за градинки и за други проекти, рече Стоилковски.
„Ова е недозволиво, градоначалник и министер пред граѓани да ветуваат проекти и улици и канализации за да се гласа за нивниот кандидат! Ова е спротивно на законот, спротивно на изборниот закон спротивно на антикорупцискиот закон, спротивно на етиката во политиката, спротивно на позитивните европски практики.
За ова ќе биде поднесена нова пријава до антикорупциската за која повторно деновиве имаме поднесено 7 нови поднесоци, за злоупотреби и на медиуми и на градежни активности и на државни ресурси и на јавни претпријатија. И јасно е зошто го прават ова. СДСМ соочени со поразот на 5-ти мај, немаат друга опција освен да продолжи со притисоци и со лаги, со ветувања и поткупи да го ублажи поразот. Правото и правдата е на дофат. Правдата и правото ќе победат во Република Македонија“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.