Владата ќе набави месо и сокови во вредност од 32 милиони денари. На страната на бирото за јавни набавки објавени се три огласи на кои како договорен орган стои Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, а чив предмет на договор е набавка на месни производи и сокови.
Во првиот оглас предмет на набавка е свежо пилешко месо во вредност од 1.500.000 денари.
Во спецификациите на оваа набавка стои дека ќе се набават неколку тони пилешко месо, пилешки стекови и мисиркино филе.
Во друг оглас стои дека ќе се изврши набавка на сувомеснати производи во вредност од 600.000 денари.
Предмет на набавка е и говедско пушено месо, печеница, свински врат, ребра и други останати сувомеснати производи.
Владата исто така планира и набавка на газирани сокови во вкупна вредност од 1.100.000 денари односно 18 илјади евра.
Comments are closed for this post.