Ракометарите на Вардар овој петок летаат до Будимпешта, а оттаму со автобус до Сегедин каде ги очекува реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот првак ПИК Сегед.
Вардарци имаат предност од осум голови по првиот натпревар, но раководството на „црвено-црните“ не препушта ништо на случајот и ракометарите ќе отпатуваат за Сегедин два дена пред натпреварот.
Избраниците на Роберто Гарсија Парондо ќе тргнат на пат в петок на 3 мај, во 16:05 часот со лет до Будимпешта, а оттаму ќе се упатат со автобус до Сегедин. Тренинг ќе биде одржан в сабота навечер во салата каде што ќе се игра реванш дуелот.
Натпреварот е на програмата в недела, на 5 мај, со почеток во 19:00 часот. Вардарци во Скопје ќе се вратат утредента, во 13:25 часот, па би требало да бидат во македонската престолнина околу 15:00 часот.
Comments are closed for this post.