Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 Октомври, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 9 до 19 часот за сите љубители на животните кои сакаат да си одберат куче за вдомување.
Кучињата во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Овие 60 кучиња се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.
Comments are closed for this post.