На Самоиловата тврдина во Охрид денеска е развиорено големо албанско знаме, чин што охриѓани и голем број гости го оценија како инцидент.

Настанот се случил претпладнето, а знамето го поставиле четириесетина лица Албанци, кои биле членови на фолклорни групи од повеќе држави.

Туристи кои биле затекнати на Самоиловата тврдина велат дека покрај огромното знаме кое го поставиле, лицата носеле и развиорени албански знамиња.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, преку соопштение информира дека две лица се повикани во полициска станица на информативен разговор и оти се работи на расчистување на случајот. Знамето на Самоилова било поставено од лица Албанци, кои се претставиле дека се членови на фолклорна група, а биле од повеќе земји.