Кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.
При посетата, Силјановска Давкова посочи дека Кичево за неа е град кој што има посебно место во нејзиното срце.
„Јас сум горда на моите корени. Ми претставува задоволство што сум овде денес, на овој голем празник. Би сакала да ви го честитам празникот и да посакам многу љубов, среќа и разбирање“, изјави Силјановска.
Силјановска Давкова додаде дека Македонија заслужува промени.
„Промена на име и идентитет не е реформа. Ви благодарам на поддршката, очекувам таа да се зголеми на 5-ти мај. Го имате мојот збор дека никогаш нема да ве изневерам. Ќе бидам претседателка од народот, за народот, со народот“, истакна таа.
Comments are closed for this post.