Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД одлучиле да повлечат поддршка за Договорот за глобална трговија со оружје.
Тој договор регулира меѓународна трговија со конвенционално оружје вклучително оружје со мал калибар, тенкови, борбени авиони и бродови.
Трамп изјави дека САД „го отфрлаат тој договор” и дека „повлекуваат свој потпис” од него. Американскиот претседател го нагласи тоа во говор на Националното здружение за оружје кои тврдат дека договорот претставува закана за Вториот амандман на Уставот.
Одлуката САД да излезат од договорот од една страна ќе нанесе сериозна штета во меѓународната безбедност, а од друга страна ќе овозможи на Американците неконтролирано да тргуваат со наоружување, изјави рускиот сенатор Франц Клинчевич.
Тој рече дека Русија нема да тргне по стапките на САД и планира да го ратификува овој документ.
„Оваа одлука на Американците ќе нанесе огромна штета на маѓународната безбедност. Ќе предизвика огромна напнатост во светот. САД сега неконтролирано ќе тргуваат со оружје и ќе ја зголемат продажбата на сопственото оружје“, предупреди Клинчевич.
Тој додаде дека оваа одлука на САД зборува само за тоа дека во последните неколку години американското оружје станало неконкурентно.
Comments are closed for this post.