Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по вчерашната победа против ПИК Сегед (31-23) во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите изјави дека е горд на играчите и на постигнатото од нив и покрај проблемите со кои се соочувал тимот во последно време.
„Многупати веќе реков дека сум горд на играчите. Тие се херои. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, но ги надминавме и одигравме на врвно ниво. За нас ова беше последна средба во Скопје во овој состав и со овие играчи и затоа оваа победа е уште поголема На крај се надевам дека и ќе дојдеме до планираната цел – пласман на Ф4 турнирот во Келн“, изјави Парондо.
Вториот четвртфинален меч меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра во Унгарија на 5 мај.
Comments are closed for this post.