Фудбалерот Огнен Врањеш кој стана познат по скандалот со Јелена Карлеуша се враќа на Балканот. Тој од следната сезона ќе игра во грчки Аек откако Андерлехт се изјасни дека веќе не смета на него.

Огнен играше во Аек неколку сезони и имаше добри партии, но за него Атина е важна бидејќи таму ја започна аферата со Јелена Карлеуша која кулминираше со порно скандалот.

Додека играше таму, Јелена често го посетуваше во Атина и на социјалните мрежи објавуваше дека прекрасно си поминува.