Во две одделени акции, италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.
Од запленетата дрога, 190 килограми биле запленети од полицијата од градот Рагуза на Сицилија. Вредноста на таа пратка марихуана на нарко пазарот е проценета на 1,5 милиони евра. Во акцијата се уапсени двајца албански државјани на возраст од 28 години, од кои се одземени 3.000 евра.
Дрогата била откриена во товарно комбе, кое полицијата го следела до моменто кога се паркирало во двор на една куќа на периферијата на Рагуза. Полицајците извршиле контрола при што ја пронашле марихуаната скриена во импровизиран под на возилото.
Во исто време, грчката гранична полиција заплени 125 килограми марихуана и уапси седуммина Албанци на возраст од 22 до 26 години во зелениот пограничен појас во близина на селото Филат. Дрогата била спакувана во вреќи, кои приведените ги носеле на грб.
Comments are closed for this post.