Арамии влегле во домот на еден светски познат колекционер на саксофони во Италија, при што однеле богат плен, но највредниот од колекцијата, тој што му припаѓал на џез легендата Сони Ролинс, не го зеле. Ова кажува дека арамиите најверојатно биле дилетанти, затоа што по излегувањето од куќата тие „просеале“ по патот неколку саксофони.

Атилио Берни вчера им изјави на новинарите дека неговата колекција се состои од 600 саксофони, кои ги има изложено и во Лувр, а колекцијата ја собира во последните 25 години.

Тие не го пипнале саксофонот на Денис Ролинс…тоа кажува дека дека тие не знаеле што правата“, изјави колекционерот.

Берни изрази благодарност до полицијата која веќе пронашла 35 од украдените инструменти оставени во едно сиромашно предградие на Рим. Тој рече дека вкупната вредност на украдените инструменти изнесува околу 300.000 евра, но притоа истакнал дека е „ многу тешко да се продадат“.

Италијанскиот колекционер планира да го отвори првиот музеј на саксофони во септември годинава во Макарезе во Рим.