Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска нагласи дека имала разговор со дел од заговорниците на идејата за бојкот на изборите и оти им објаснила дека однадвор и од улица ништо не може да се смени. Според неа, процедурата е гаранција за демократија и дека процедурата може да живее само во рамките на институциите.
Професорката го разбира незадоволството на се што е поврзано со„северно“ но оти таа е подготвена да одговори на сите прашања.
Само со аргументи а не со квалификации може да се реши овој проблем. Разочараните не се разочарани само од прашањето за името, туку од моделот на владеење бидејќи на улиците гласно слушавме „нема правда нема мир“. Јас неа ја гледам правдата во Македонија. Неважечките гласови и апстиненцијата имаат врска со предупредувањетов кон оваа власт. Моите шанси да ги придобијам гласовите на разочараните или оние кои биле аполитични се многу големи бидејќи јас не сум ја креирала сегашната катастрофална ситуација туку тие. Не знам зошто во следните две години би можеле поинаку да постапуваат. Тоа е системски проблем. Корупцијата во Македонија е системски проблем, кризата на лидерството е системски проблем.Поданичката култура е системски проблем како партизацијата и полтизацијата. Не може оние што го креирале проблемот сега да го решат. Потребни се нови луѓе-објасни професорката.
Comments are closed for this post.