Механизација на ЈП „Комунална хигиена“ започна со расчистување на отворената депонија во близина на спортската сала Борис Трајковски. Градските и општинските власти решија да преземат итни мерки откако во оваа дива депонија на почетокот од месецов изби пожар.
Чистењето ќе трае десетина дена, а потоа пристапот до местото ќе биде ограден и затворен со цел никогаш повеќе таму не се фрла и пали ѓубре изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на чија територија се наоѓа овој загадувач.
Тој апелирше до граѓаните дека секое палење или одлагање ѓубре на места кои не организирани за такво нешто ќе бие најстрого казнето и санкционирано.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов посочи дека несоодветното однесување во минатото создава денеска проблеми потенцирајќи дека депонијата во Карпош постои од 1963 година и е сериозна закана за животната средна.
Шилегов најави дека по расчистувањето на депонијата ќе се отпочне со релизација на ветеното во предизборието, а тоа е изградба на третиот дел од Градскиот парк.
Поголем проблем им создава дивата депонија во Вардариште, рече Шилегов. Градскиот татко вели дека таму мора многу внимателно да се решаваат проблемите, бидејќи, освен кабаст, таму се одлагал и комунален отпад од кој се создадени и токсични материи.
Се чека на инвеститор во Дрисла каде треба да биде поставена пелка за согорување на отпадот од Вардариште.
Comments are closed for this post.