Полицијата во Сплит, Хрватска во понеделникот примила дојава дека во источниот дел на градот е воочена поголема група мигранти. Кога излегле на терен да ја проверат ситуацијата, откриле само дека непотребно е крената паника.
По пријавата излеговме на терен во Жрновница и за краток рок утврдивме дека се работи за странски државјани кои легално престојуваат во нашата земја како туристи. Нема никаква причина за паника“, изјавила Ана Чепиќ, портпаролка на сплитската полиција.
Имено, во градот после пладне се проширила веста за поголема група мигранти кои слободно шетале во источниот дел на Сплит. Станувало збор за група туристи на возраст од 20 и 30 години, кои одлучиле сончевиот ден во Сплит да го поминат на ливада покрај реката Жрновница, слушајќи музика и забавувајќи се.
Станувало збор за туристи од Азија.
Comments are closed for this post.