ОБСЕ/ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и парламентарното собрание на ОБСЕ, кои со свои стотина набљудувачи будно ги следеа претседателските избори на денешната прес-конференција првиот изборен круг го оценија за фер, демократски и слободен.
Македонија одамна не добила такви добри оценки за спроведување на избори како овој пат, а високи оценки добија и медиумите кои во најголем дел известуваа непристрасно, известуваа за сите кандидати.
Набљудувачите издвоија и некои проблеми, како што е со Избирачкиот список.
Мари Кристин Даилоз, од Парламентарно собрание на СЕ, рече дека изборниот ден бил добро организиран, а гласачите можеле да го направат слободен избор. Таа ја потенцираше нискиот одзив на гласачите.
Нашата делегација заклучува дека земјата треба да продолжи со соработката со Стразбур како и со Венецијанската комисија со цел да се подобри севкупниот изборен процес“, рекоа од ПССЕ.
Рајнхолд Лопатка, од ПС на ОБСЕ, од каде имаше 40 парламентарци, рече дека будно ќе се следи и вториот круг.
Задоволство е што кандидатите имаа кампања за натамошна европска интеграција. Важно е што се прави разлика меѓу партиското и државното. Ги охрабруваме сите граѓани да учествуваат во вториот изборен круг“, рече Лопатка.
Корин Јонкер, шеф на посматрачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР повтори дека вчерашните избори поминаа добро и „покажаа што може да се постигне ако има политичка волја“.
Сите кандидати водеа кампања без пречки. Државните службеници јасно ја раздвоија нивната функција од партиските активности. Политичките договори не можат да се ставаат во изборното законодавство, и повикувам да се подобрат законските слабости, како на пример транспарентноста на финансирањето на кампањите“, додаде Јонкер.
Comments are closed for this post.