Кандидатот за градоначалник на Дебар, Арбен Аголи од Алијансата за Албанците го призна поразот на денешните предвремени локални избор за градоначалник на Дебар.
Аголи со своите соработници пристигна во седиштето на огранокот на ДУИ и му ја честиташе победа на Хекуран Дука.
И двајцата се лекари специјалисти и подолг период заедно работеле во Општата болница во Дебар.
Пред седиштето на дебарскот огранок на ДУИ веќе се слави.
Според првичните резултати Дука добил 450 гласови повеќе. Со речиси идентична разлика Аголи загуби во вториот круг на локаланите избори во октомври 2017 кога по вторпат беше избран Ружди Љата,кој почина во ноември минатата годна, по кусо и тешко боледување.
Comments are closed for this post.