Кандидатот за претседател Беса Блерим Река ги оцени изборите како фер и демократски, но додаде дека тие покажале дека немаме ажуриран избирачки список и дека иселувањето од земјава влијаело на ниската излезност.

„Ние се уште немаме реален список, реално имаме само еден ипол милион граѓани, тоа е реалност и затоа немаше доволно излезеност на изборите. Ние сме задоволни од гласањето, особено во општините со албанско население, а исто и во македонските општини. Со над 50.000 гласови, очекуваме дека ќе стигнеме и до 80.000 гласови и тоа е одличен резултат. Но, не важна бројката туку поддршката. Ова најавува една нова политичка пролет. Кога рековме дека нема да тргуваме со гласачите, така и се случи, тоа се нивни гласови и ние не тргуваме со гласовите на граѓаните“, рече Река на прес-конференција.

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците го потсети премиерот на дадениот збор.

Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор, рече Села.