Компанијата  Тесла објави дека ќе ги укине позициите на четворица членови на Главниот одбор во наредните две години. Овој гигант за производство на електрични автомобили, наместо 11, ќе има 7 оперативни менаџери.

Бред Бас, Антонио Грасија, Стефан Јурвесон и Линда Џонсон Рајс нема повторат да се кандидираат за претстојниот годишен состанок на акционерите во 2019 и 2020 година, се вели во  соопштението на компанијата.

Од Тесла велат  дека поедноставување на големината на одборот е со цел  да може да се работи побрзо и поефикасно”, пренесува  Ројтерс.

Од таму велат  дека оваа одлука не е резултат на несогласување меѓу компанијата и директорот.

.