Три монахињи од САД заработуваат речиси еден милион евра годишно од производството и продажбата на марихуана за медицински цели. Тие одлучиле сами  да ја произведуваат и  продаваат марихуана, а „проектот“ го започнале пред седум години со само 12 растенија, пишува Индепендент.

Тие тврдат дека со нивните производи успеале да се излечат осум лица од нивната зависност, а марихуана ја одгледуваат за да се лечат луѓето од болести како што се ракот и епилепсија.

Работевме со голем број на луѓе зависни од алкохол, тутун или некој вид на дрога. Успеавме  да  ги излечиме и  сите се чувствуваат  многу подобро. Ние сме многу поуспешни  од организацијата за алкохоличари“, рече една од калуѓерките.

Тие марихуаната ја нарекуват прекрасно растение  која лечи  на посебен начин.

Светот се повеќе и повеќе е отворен за идејата да се користи канабис како лек, но не толку како опасна дроги“ рече таа.

За нив се снимаше и документарец и тие се надеваат дека ќе успеат во борбата против законите со кои се забранува употребата на марихуана.