Македонија денеска гласа на шестите претседателски избори по ред на кои треба да избере петтиот претседател.
Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија.
Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.
За избор на нов претседател право на глас имаат 1.808.131 гласач. Според оваа бројка за победа во прв круг потребни се над 900 илјади гласови.
1.726.696 граѓани ќе можат да гласаат денеска, а останатите, кои се на посебен избирачки список и своето гласачко право имаа можност да го остварат вчера.
Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.
Comments are closed for this post.