Најголема излезност до 13 часот има во Прилеп, Новаци и Свети Николе.Најниска излезност е забележана во Липково.

До 13 часот гласале 284 942 гласачи од одработени 75,57 проценти од избирачките места.

Општините со најголем процент на гласови се Прилеп со 35,2 проценти, потоа Новаци со 33,12 отсто и Свети Николе со 31,10 отсто. Над 30 проценти излезност има и во Неготино, Пробиштип, Ранковце, како и Демир Капија и Кратово.

Најниска излезност е забележана во Липково од 5,43 проценти, во Желино каде гласале само 6,62 отсто и во Врапчиште 7,5 проценти.

Гласањето, се одвива мирно и без проблеми, соопштуваат од ДИК.