Лондонската полиција соопшти дека уапсила 718 учесници на протестите против климатските промени, кои изминативе денови во неколку наврати ги блокираа сообраќајниците во Лондон.
Организатор на протестите е здружението за заштита на природата „Бунт против изумирањето“, коешто се залага за намалување на емисиите на штетни гасови и за спречување на климатски промени.
Активистите на движењето, изминатава недела го попречуваа движењето на сообраќајот низ Лондон, блокирајќи повеќе клучни сообраќајници, како улицата „Оксфорд Циркус“, мостот „Ватерло“ и реонот околу Триумфалната порта.
Полицијата соопшти дека нема да ги забрани протестите на активистите против климатските промени, но нагласи дека ќе им биде дозволено да протестираат само околу Триумфалната порта.
Only a small group of protesters remain in #oxfordcircus #london #ExtinctionRebellion pic.twitter.com/6xseZl0AE6
— Ian Casey (@idcasey) April 20, 2019
Comments are closed for this post.