Тековно и без проблеми се одвива гласањето во казнено-поправните установи низ земјава. Во 13 затвори право на глас имаат 1.640 лица, од кои најголемиот број во КПУ Затвор-Скопје.
Претседателот на изборната комисија во КПУ Затвор – Скопје, Елвис Хајдар, за МИА информира дека гласачките места се отворени во седум часот утрово и гласањето се одвива без проблеми.
До 11 часот гласале 67 затвореници, додека тројца не гласале, бидејќи не биле на гласачкиот список.
Портпаролот на ДИК, Љупка Гугуческа, на денешната прес-конфернеција, соопшти дека сите места се отворени навреме и гласањето во казнено-поправните установи тече без проблеми.
Comments are closed for this post.