Неуспехот на референдуот се едначи на дебакл на коалицијата на премиерот Заев и министерот Димитров, велат од Обединета Македонска Дијаспора. Како што порачаа тие, премиерот и министерот за надворешни работи после ваквите резултати од референдумот, треба да поднесат неотповиклива оставка.
Македонските гласачи се одзваа на референдум за промена на уставното име на Република Македонија во Северна Македонија. Излезеноста на гласачите беше помала од 37% од вкупниот број регистрирани гласачи на единствениот гласачки список, со што референдумот се карактеризира како невалиден според македонскиот устав. Според Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) – водечкиот глас на македонците надвор од Македонија, неуспехот на референдумот се едначи на дебакл на владеачката коалиција предводена од премиерот Зоран Заев,велат од ОМД.
ОМД повикува на итна и неотповиклива оставка на Премиерот Зоран Заев и Министерот за Надворешни Работи Никола Димитров.
Референдумот не се однесуваше на волјата на македонскиот народ да се приклучи кон НАТО и ЕУ, туку напротив, референдумот се однесуваше на отпорот на народот да го промени името на својата земја со цел интеграција во ЕУ и НАТО. ЕУ и НАТО се организации во кои владеат принципи на демократија и право на самоопределување. Следствено, условеноста на Македонија да го промени своето име во евро-атлантската заедница, се противи на основните принципи на ЕУ и НАТО, стои во соопштението.
Comments are closed for this post.