Претседателските кандидати уште денеска и утре ќе имаат можност на митинзи и на средби со граѓаните да ги претстават своите програми, пред да почне предизборниот молк за првиот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат на 21 април.
Синоќа, професорката Гордана Силјановска пред беровчани побара поддршка од граѓаните се со цел да се врати правото и правдата во Македонија, односно како што рече таа да се обединиме за доброто на Република Македонија.
На 21 април и 5 мај треба изборно да ги делегетимираме тоа ќе значи дека нема да грабнат уште една важна функција, претседателската во своите раце, оти тие се би грабнале за да останат на власт, се борат на живот и смрт, зошто знаат дека правото и правдата ќе ги стигнат и нив, ама заборавија дека тие не водеа сметка за правото и правдата тие беа обземени од политички реваншизам, делеа селективна правда. Не ние нема да бидеме како нив, ние ќе бидеме поинакви, правото и правдата ќе важат за сите, ама најпрво ќе ги испробаме на нив“, порача Сиљановска од синоќешниот митинг.
Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, синоќа централниот митинг го одржа во Штип, од побара масовна поддршка на 21 април и на 5 мај преку заокружување на бројот 3, за подобра иднина, за да не се дозволи враќање во минатото и времето на груевизмот.
Ако некој сака да гласа за Гордана Сиљановска тоа значи трет мандат за Иванов. Името е различно, но политиките се исти. На 21 април и на 5 мај тоа нема да им го дозволиме туку ќе продолжиме Заедно напред кон интеграција во ЕУ и НАТО онаму каде припаѓаме“, рече Пендаровски.
Денеска кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе се обрати пред граѓаните на Богданци, а подоцна на плоштадот „Слобода“ во Гевгелија, ќе го одржи централниот настан отворена граѓанска трибина.
Кандидатката за претседател Гордана Силјановска пак, денеска ќе се обрати пред граѓаните на Кратово, а централниот митинг ќе го одржи во Крива Паланка.
Кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса на Албанците, Блерим Река централен митинг ќе одржи во спортската сала на Медицинско Училиште во Тетово.
Comments are closed for this post.