„Потребно е големо обедунување на 21 април и пети мај, за да можеме овие политички измаминици да ги пратиме во политичка историја“, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицковски пред жителите во Берово.
Тој додаде дека граѓаните без разлика на етничката припадност, сите споделуваат иста мака, потенцирајќи дека тоа се лагите на Зоран Заев и СДСМ.
„Иден претседател на Република Македонија ќе биде жена и тоа е веќе јасно. Нас ни е потребно големо обедунување на 21 април и пети мај, затоа ни е потребно Беровци оваа рекордна победа за да можеме овие полотички измаминици да ги пратиме во политичка историја, на темната страна на историјата. Ќе дојде денот кога повторно ќе се најдеме на улиците и ќе разговараме за вистината на Македонија. А вистината е дека Зоран Заев ќе биде минато на овие избори, кои повторно нема да се случи и нема да се повтори“, порача Мицковски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара поддршка и од земјоделците за кои рече дека иако работат макотрпно, оваа валст ги излажала, па амбарите со ориз остануваат полни, а јаболковите насади во Ресен се сечат.
„Ветуваа загарантиран откуп, поддршка за земјоделците, во Ресен ги сечат дрвјата, полни амбарите со ориз оти нема кој да го откупи. Не е чесно кога сте опозиција за таа пуста фотелја да го лажете народот, а потоа никаде да ве нема“, рече Мицковски.
Тој рече дека нема да критикува тоа што на три дена пред избори власта ги исплатува субвенциите на тутунопроизводителите, но сепак рече дека земјоделецот нема на овој начин да ја даде довербата.
„Го потцените и навредите честиот македонски земјоделец. Доѓа правдата за да ја победи неправдата во Република Македонија“, истакна Христијан Мицкоски.
Лидерот на опозицијата пред беровчани рече и дека Зоран Заев и власта се срамат од македонската химна, па затоа со низа изговори, таа не била интонирана за време на посетата на Ципрас во земјата.
Зоран Заев велеше дека овие две години го зајакнал идентитетот, а истиот тој Зоран Заев пред зградата која треба да го симболизираше иднетитетот се срамеше да ја слушне „Денес над Македонија се раѓа“, потенцира Мицкоски.
Comments are closed for this post.