Двете предни кули на Нотр Дам се спасени, соопшти противпожарната служба. Еден пожарникар е сериозно повреден во пожарот.
Катедралата гори повеќе од четири ипол часа, а густ црн чад се издига на небото над Париз. На мостовите во околината се собрани стотици Парижани кои со тага гледаат како гори симболот на Париз и Франција.
Во пожарот кој избувна во 18 и 50 часот се урна една кула и изгоре дел од покривот на катедралата.
Причината на пожарот не е позната, но се верува дека е поврзана со процесот на нејзина реконструкција. Нотр Дам е во процес на реставрација што требаше да трае во фази околу 20 години, а тековната фаза чини 6 милиони евра.
Comments are closed for this post.