Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.

Николас Делесал на Твитер напиша:

Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.

Катедралата Нотр Дам, едно од обележјата на Париз ја зафати пожар, а падна и покривот на главната кула. Причината засега не е позната, но се верува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

Стотици жители на француската метропола во ужас го гледаа густиот чад од околните мостови во шок и неврување.

Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа планираното обраќање во јавноста поради „ужасниот пожар“ во катедралата Нотр Дам. Елисејската Палата соопшти дека претседателот се упатил кон катедралата.

Нотр-Дам е пламен, емоции на целата нација. Мислам на сите католици и на сите Французи. Како и сите наши сонародници, тажен сум кога гледам дека гори овој дел од сите нас“, напиша претседателот Емануел Макрон на Твитер.