Откако сопругата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ почина во Москва, српските медиуми пишуваат каде таа ќе биде погребана.
Таа претходно изјави дека би сакала да биде погребана во Пожаревац во семејната куќа каде што е гробот на нејзиниот сопруг Слободан.
Но, со тоа не се сложуваат нејзините деца, Марко и Марија кои се огорчени од односот на државата кон него.
Единствен кој се залага на Мира да и се исполни последната желба е нејзиниот внук Марко кој отпатувал кај таткото во Русија и го моли таа да биде донесена во Србија.
Comments are closed for this post.