За последните десет години во Хрватска има пола милион работници помалку, а се помала е работната сила и во регионот, така што хрватскиот градежен сектор се повеќе работна снага бара од Пакистан и Индија, додека во туризмот работат Филипинци
Тоа е загуба што не може да се компензира со ништо, затоа што не се реагирало на време. Хрватска има многу ограничени ресурси. Проблемот со хроничниот недостиг на работници ќе треба да се компензира на два начина: “или со увоз на труд, а проблемот е кога и регионот брзо се празни или ќе треба да надомести со повисоки ниво на автоматизација, роботизација и слично, рече Даворко Видовиќ, советник за труд и вработување на Хрватската стопанска комора.
Иако хрватската влада ги зголеми квотите за увоз на странски работници оваа година на 65.100, што е драматично зголемување во однос н 400 дозволи издадени пред пет години, постои прашање каде да се најде работна сила. Босна и Херцеговина е испразнета, Србија безначајно е исцрпена, пишува “Нов лист”, така што работниците одат подалеку и понатаму.
Градежниот сектор сé повеќе ги бара работниците во Пакистан и Индија, додека туризмот се потпира на увозот на работници од Филипините.
Comments are closed for this post.