Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев рече дека одговорот на прашањето кој за каде е оти сите се за ЕУ и НАТО, на чело со, како што потенцира, новиот претседател Стево Пендаровски.
Рече дека нема веќе пари за споменици и дека сите пари сега одат за народот. Годинава е рекордна по странски инвестиции ,иако уште не сме членка на НАТО , но животот се смени на подобро во земјава , рече Заев.
Во своето обраќање тој се осврна и на нападите од кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека позитивни личности од Струмица биле само претседателот Борис Трајковски и фудбалерот Горан Пандев, а Заев бил негативниот.
Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најде место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот. На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост, рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.
За кандидатот за претседател Стево Пендаровски рече дека ќе биде лицето на нашата држава во странство, затоа што, според него, тој има интегритет, способност и визија за иднината.
Ќе ги зацврсти позициите на државата. Имаме претседател, кој е создаден да биде претседател на нашата татковина, додаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Comments are closed for this post.