Во 2014 година бевме со број 3 на гласачкото ливче, кога бевме морални победници на изборите. Сега пак сме со бројот 3, кога ќе бидеме вистински, реални победници во интерес на сите вас, во интерес на нашата заедничка татковина, порача вечерва од митингот во Струмица кандидатот за претседател, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата.
Додаде дека за него и за коалицијата која го подддржува е битно државата да оди напред, а не како некои да ги наполнат куферите и да избегат во белиот свет со народни пари.
После 30 години да кажат дека сме работеле за државата, а на за сопствениот паричник. Такви сме, такви ќе бидеме и сакаме по тоа да не памтите, по цена да ги изгубиме сите следни избори ние мораме да останеме луѓе и да се бориме за доброто на народот и државата, а не само за доброто на фамилијата, за доброто на членовите на мојата политичка партија или само за мојот град, дададе Пендаровски.
Повика на масовна излезност и притоа рече дека на 21 април нема да биде завршена целата работа и ќе треба да се излезе и на 5 мај.
Ги замолувам граѓаните да не спијат на едно уво слушајќи ги коментарите дека со ваков противник и со ваква погубна политика, која е по лошо позната меѓу македонските граѓани, ќе поминат лесно, туку максимално масовно да се излезе на гласање и во првиот и во вториот круг за да не се разбудиме да ни се врати Груевски и да се вратиме во времето кога не знаевме ништо друго освен за политички прогон и изолација, рече Пендаровски.
На митингот вечерва говореше и познатиот поранешен одбојкар и сега тренер од Струмица, Кире Ричлиев. Тој рече дека целосно го поддржува патот на нашата земја, кон НАТО и ЕУ интеграциите, бидејќи тој пат, како што потенцира, е трасиран со многу напори, одрекувања и пред се визија нашата земја да биде безбедна и интегрирана во современите одбранбени, економски и напредни демократии.
Comments are closed for this post.