Нова човечка врста е пронајдена на Филипини, а кај неа е евидента закривеноста на големиот прст на нозете, што укажува дека биле адаптирани за искачување и дека тоа било важна активност на овие далечни предци на човекот.
Новата врста на човекот е позната под името „хомо лузоненсис“ по локацијата каде се откриени остатоците, во пештера на најголемиот филипински остров Лузон.
Физичките одлики на овие далечни роднини претставуваат мешавина од древните човечки предци и современиот човек.
Тоа би можело да значи дека примитивните роднини на човекот ја напуштиле Афика и дошле се до југоисточна Азија, што претходно се сметаше за невозможно.
A handful of fossils point to a new species of human that lived in a cave on the island of Luzon in the Philippines. Not everyone’s convinced, but the findings underscore South-East Asia as a rival for Africa when it comes to hominin evolution. https://t.co/AkWfSEhrPJ @ABCscience pic.twitter.com/p2WL1BV2Zq
— Anna Salleh (@AnnaSallehABC) April 10, 2019
Ова откритие укажува дека еволуцијата на човекот во регионот била многу сложена, со три или повеќе човечки врсти во тоа подрачје во времето на доаѓање на нашите предци.
Една од тие врсти е „хомо флоресиенсис“, скоро со џуџест раст, кој живеел на индонезискиот остров Флорес до пред 50 илјади години.
Островот Лузон е одалечен од Флорес околу 3 илјади километри.
Comments are closed for this post.