Сите освен еден пратеник во парламентот на Нов Зеланд гласаа за измена на законот во државата во која има околу 1,5 милиони парчиња оружје, на нешто помалку од еден месец од нападот на две џамии во Крајстчерч, во кој загинаа 50 луѓе.
Реформата на Законот за оружје, која е усвоена со 119 гласови „за“ и еден глас „против“, сега мора да го потпише генералниот гувернер како би станал закон.
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн неодамна изјави дека по нападите на џимиите полуавтоматските и јуришни пушки ќе бидат забранети во склад со новиот закон за оружје.
Нема попречување за дозволите
Премиерката потврди дека напаѓачот имал дозвола за носење оружје, кој ја добил во ноември 2017 година.
Нов Зеланд е земја со само пет милиони жители, а се проценува дека во државата има околу 1,5 милиони парчиња оружје. Според податоците кои ги објавија медиумите, во 2017 година позитивно е одговорено на речиси 99 отсто од барањата за издавање дозвола за поседување огнено оружје.
Од 43.509 барања за издавање дозвола одбиени се само 188, покажуваат податоците.
Австралијанецот Брендон Тарант во средината на март во две џамии во Крајстчерч уби најмалку 50 муслимански верници, а исто толку рани.
Comments are closed for this post.