Заедно со романските колеги фативме над 170 килограми кокаин, изјави на денешнта седница на бугарската влада, премиерот Бојко Борисов, јавуваат бугарските медиуми.
Толкаво количество наркотици малку се запленуваат во светот, рече тој.
Романската полиција ја започнала акцијата уште во петокот, а од синоќа соработува и со своите бугарски колеги. Според една од верзиите, дрогата е со потекло од Јужна Америка и требало преку Црно Море да транзитира преку Романија.
Ја засиливме контролата во Шабла и откривме шест пратки кокаин во водоотпорни, непропустливи материјали и во елеци за спасување, за да може дрогата да плови на површината на морето. Тоа е многу интересна шема во која не се гледаат луѓе, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Младен Маринов.
Comments are closed for this post.