Откако се преброени 97,4 отсто од гласовите, десничарската коалиција на Нетанјаху ќе има 65 места во Кнесетот, израелскиот парламент, додека левицата и центристите ќе добијат 55 мандати.
Исходот од изборите потврди дека ќе биде продолжена десничарската политика на Израел и дополнително ги помати надежите во решавање на израелско палестинските судири, оценува Асошиејтед прес.
Шеесет и девет годишниот Нетанјаху во изборната трка влезе со најави дека против него ќе се подигне обвинение за корупција, измама и кршење на довербата, што и го потврди израелскиот врховен судија.
Ако повторно биде избран ќе продолжи да владее под обвинение, за кое правниците велат дека можеби нема да мора да поднесе оставка додека сите можности за жалби не се исцрпат, но сепак предупредуваат дека со тоа Израел ќе влезе во потполно непознати води.
Ќе имаме десничарска влада и јас ќе бидам премиер“, кажа Нетанјаху по пребројувањето на гласовите.
Сепак, најголемата незивесност настапува по конечното пребројување на гласовите бидејќи тогаш претседателот на Израел одлучува кому ќе му ја довери задачата да формира владејачка коалиција. Обично таа задача ја добива политичката партија која освоила најмногу гласови, но и не мора така да биде.
Comments are closed for this post.