До 13 часот на денешниот референдум на гласање излегле 261.473 гласачи или 16,00 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список, соопшти на прес конференција претседателот на ДИК, Оливер Денковски.

Ова е резултатот од обработените податоци од 90,24 отсто од избирачки места во Република Македонија.

Денот се одвива најнормално со мали, ситни инциденти и исклучоци кои навреме се решаваат од ДИК, ОИК и избирачките одбори, но некаде и со помош на полицијата. Во целина сметам дека нема некои посериозни нарушувања во текот на целиот ден – изјави Дерковски.

Во однос на излезеноста до 13 часот таа се одвива во распон некаде од околу шест отсто до 19 отсто. Градови со најголема излезеност се Гевгелија каде излегле 19,55 отсто од запишаните во Избирачкиот список, во Прилеп 19,05 отсто, во скопската општина Аеродром излезеноста е 18,29 отсто, Бутел 16,08 отсто, Арачиново 15,64, Демир Хисар 15,59 отсто, Куманово 16,15 отсто, Гостивар 12,25, Штип 17,21 отсто, Неготино 15,72, Свети Никола 15,31 отсто. Меѓу населените места со помала излезност се Василево со 9,35, Конче 9,97 и Босилово 6,96 отсто.

ДИК во текот на целиот ден е во постојано заседание. Сите членови се во просториите на Комисијата и евентуалните инциденти и недоследности се решаваат ведаш.

Референдум 2018

Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија

Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Sunday, September 30, 2018