Зошто професорот Стево Пендаровски, одлучил да се кандидира повторно за претседател на државата и зошто прифатил да биде не консензуален, туку како што самиот тој вели заедничи кандидат на СДСМ и ДУИ?
Промената на демократскиот амбиент е една од причините, вели тој во интервју за МИА.Тврди дека во 2014 не изгубил, туку резултатот се должел на изборен фалсификат.
„Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен“, вели Пендаровски.
Според него речиси е сигурно дека ќе има втор круг претседателски избори, бидејќи како што вели праговите поставени за евентуална победа во првиот круг се нереални.
Comments are closed for this post.