Огромна енергија е распослана на митинзите и народот препозна што е вистинска коалиција, а тоа е околу името на професорката Силјановска, а не онаа деспотска коалиција која Пендаровски го избра во скап скопски хотел, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Демир Хисар.
Според него, на овие избори треба да одлучиме дали сме против Заевизмот и ако сме, јасно е дека на 2о април и на 5 мај треба да гласаме за професорката Силјановска.
Овие избори не се обични избори туку избори што ќе ја отворат вратата за предвремени парламентарни избори-нагласи Мицкоски
Според него, срамно било што за време на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас имало време за селфи ама немало за македонската химна
Затоа ќе ви се случи казна на 21 април и ќе ве пратиме на темната страна на историјата, но за да дојдеме до тоа ни треба масовност и да го дадеме гласот за жената и професорката која од студентите е избрана за најинсирстивен професор.Да гласаме за педагог, мајка, содесдка да глааме за правда. Тоа е почетокот на крајот на Заевизмот.Се повеќе од оние што мислеа да бојкотираат ни се приклучуваат затоа што работите се менуваат од внатре а не од надвор-додаде лидерот на опозицијата.
Comments are closed for this post.