Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) утре на нов протест во Куманово ќе ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор од 1 јануари согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.
Изминатата година излеговме јавно, на протести и на прес-конференции и се обидовме да ги решиме нашите барања кои се сосема легитимни. Минималната плата во изминатата година ипол е зголемена за 25 проценти, а платите во јавниот сектор во одредени дејности се зголемени за пет проценти, а во одредени дејности не се покачени, истакна денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски, додавајќи дека платите во јавниот сектор се социјална категорија.
Од КСС уште еднаш повторија дека се против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.
Најавуваат дека ќе продолжат со нивните активности и за време на претседателската кампања. Притисокот од членството, како што рече Ралповски, е се поголем и се бара генерален штрајк
Comments are closed for this post.