Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на прес-конференцијата пред натпреварот од 31. коло на шампионатот на Шпанија против Еибар, одговараше на прашања на новинарите и застана во одбрана на Лука Модриќ.
Хрватот е изложен на критики во јавноста поради слабите игри оваа сезона.
- Модриќ не ја заслужи Златната топка? Луѓето можат да кажат што сакаат. Многу ми е жал што велат ова, рече Зидан.
Дојдов за тимот повторно да победува. Останаа осум натпревари. Ќе с еобидеме д аосвоиме што повеќе бодови. Дали има помалку луѓе на стадионот? Реал Мадрид не го заслужува тоа. Не заборавајте што направија играчите, додаде Французинот.
Шанса да го подобрат впечатокот фудбалерите на Реал Мадрид ќе имаат веќе утре кога од 16:15 часот го играат натпреварот со Еибар.
Comments are closed for this post.