Поранешната г-ѓа Безос стана четврта најбогата жена во светот со 35,6 милијарди долари. Откако заврши разводот, основачот и главен извршен директор на (Amazon.com Inc) Џеф Безос ќе задржи 75% од заедничките акции во компанијата, се наведува во официјалното соопштение.
Треба да се има предвид дека со 25% од акциите во Амазон што сега ги поседува Мекензи, таа сега автоматски е четвртата најбогата жена во светот со 35,6 милијарди долари.
Сепак, Џеф Безос останува најбогат човек на планетава, а најголем акционер во Амазон.
Веќе поранешна сопруга на американскиот милијардер, исто така, рече дека е “благодарна” дека разводот е конечно завршен.
Comments are closed for this post.