Клубовите во англиската Премиер лига потрошиле вкупно 260 милиони фунти за надомест на агенти, кои договориле трансфер на играчи од еден тим во друг.
Претендентот за титулата, на Ливерпул дал 43,7 милиони фунти за исплати на агенти кои обезбедиле нови фудбалери на „црвените”. Парите за трансфери, потрошени од менаџментот на клубот од Мерсисајд, се над 177 милиони фунти. Новите фудбалери, кои минатото лето пристигнаа на „Енфилд”, беа Алисон, Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шакири.
Челзи е рангиран на второ место во овој пласман со 26,8 милиони фунти, а третото место е за шампионот Манчестер Сити (24 милиони фунти). Тотенхем, кој зема само двајца нови во летото 2018 година, потроши 11 милиони фунти за надомест на агенти.
Клубовите од Чемпиониш шампионатот (втора англиска дивизија) инвестираа вкупно 50 милиони фунти за надомест наагенти за привлекување нови играчи
Comments are closed for this post.