Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде во третиот шешир на утрешната ждрепка во Копенхаген, по која ќе ги добие противниците во квалификациската група за пласман на Европското првенство во 2020 година, кое треба да се игра во Данска и во Норвешка.

Македонија доби место во третиот шешир, заедно со селекциите на Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина и на Италија. Во квалификациите ќе има седум групи со по четири репрезентации, а првите две од секоја група ќе обезбедат учество на континенталниот собир.

Првите квалификациски натпревари би требало да се одиграат во последната седмица од септември годинава.

СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ

ПРВ:  Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Ц. Гора, Германија
ВТОР: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска
ТРЕТ: Македонија, Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина, Италија
ЧЕТВРТИ: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Фарски Острови,
Косово и една од претквалификациите (Израел, Финска, Грција и Луксембург)