На Универзитетската клиника за државна кардиохирургија е изведена уште една операција на имплантација на лево-коморен асист дивајс или популарно кажано механичко срце, кај 42 годишен пациент. Интервенцијата ја изведе комплетно самостојно, македонскиот тим, на чело со директорот на институцијата, Проф.д-р Сашко Јовев.
Оваа операција се користи за лекување на терминална срцева слабост кај пациенти кај кои што ниту еден друг тип на третман веќе не е можен и останува имплантација на механичкото срце или трансплантација.
Со ова, оваа процедура влезе како една од редовните на Универзитретската клиника за државна кардиохирургија и се започна со модерен третман на пациентите со терминална срцева слабост.
По воведувањето на оваа и претходно неколку други модерни операции, на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија се работи буквално се, од рутинската до најмодерната хирургија.
Ова, ја става Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во редот на модерните европски клиники и лидер во државното здравство на нашата држава.
Comments are closed for this post.