Македонскиот народ го прочита Зоран Заев и неговата влада. За сите лаги ќе го казнат. Зоран Заев треба да знае дека македонскиот народ е честит, достоинствен, колку и да го корне, тегне, уништува тој повторно ќе изникне, тој е пиреј, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:
Правда откако СДСМ е на власт нема. Правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска обвинителството. Тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој заевизам ги игра куклите.“
Според партијата фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб.
„Кланот Заеви секојдневно ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи,а истовремено илјадници млади граѓани на Македонија ја напуштаат државата. Република Македонија мора да се врати на вистинската патека, на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата предводени од Зоран Заев мора да им се стави крај, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Затоа на 21 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратата во темната историја на Република Македонија.“
Comments are closed for this post.