Стево Пендаровски посочи дека е добро што во Северна Македонија потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори конечно стана пракса што никој не ја спори.

-Иако сме биле сведоци на претходни изборни процеси во кои едно се потпишувало, а друго се правело во мое име, а убеден сум и во името на моите формални противкандидати, можам да гарантирам дека ова што денеска го потпишавме и практично ќе го спроведуваме на дело. Тоа значи обврска и за политичките структури и граѓаните кои ќе не поддржуваат. Немам никакви дилеми дека ние тројцата ќе направиме се да останеме во рамки на една демократска борба каква што доличи на една држава што е де-факто членка на НАТО и очекувам наскоро да стане и членка на ЕУ, рече Пендаровски.