Во една белградска улица синоќа покрај муралот на Драган Николиќ осамна и мурал на Милена Дравиќ. Имено, како што е напишано на инстаграм страницата „МиленаДравиќглумица“, од синоќа и нашата прекрасна Милена има свој мурал.
Муралот е насликан на истото место, во Невесинска улица во населбата Врачар, веднаш до муралот на Драган Николиќ.
Авторот на објавата во коментарот напишал: „Нека љубовта живее вечно, нека овие луѓе засекогаш останат во нашите срца“. Објавата за муралот веднаш привлече бројни поитивни реакции и коментари.
Comments are closed for this post.