Компанијата „Фејсбук“ соопшти денеска дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и Русија.
Станува збор за профили за кои е наведено оти е забележано „координирано неавтентично однесување“.
Компанијата објави дека „вкупно 2.632 страници, групи и профили се избришани од Фејсбук и Инстраграм поради операции поврзани со споменатите земји“.
Тоа се први такви интервенции на Фејсбук во овие држави.
Претходно, Фејсбук во текот на овој месец отстрани стотици лажни профили во Велика Британија и Романија поради промовирање содржини кои поттикнуваат поделби.
Comments are closed for this post.